10 јанЛАЖНИ СТРАВОВИ

Лажни стравови

Муабети од улица Македонија

strav

Електронскиот петел умот ми го извади. Се подразбудив, но се уште лежам во креветот. Стуткан под јорганот чекам да поминат вообичаените пет миннути за да се опасуљам  барем 70  отсто. Кај жена ми и ќерка ми оваа операција трае нешто подолго време. Со моите сетила се обидувам во мракот да ги дешифрирам времето и условите во спалната и врз основа на тоа да го одредам терминот на моето станување. Првите сознанија водеа кон пролонгирање на одлуката. бидејќи се чувстував исто како Константин Миладинов.

Овде је мрачно, и мрак м’обвиват,
И темна м’гла земја покриват ;
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици,
Околу м’гли и мразој земни,
А в гр’ди студој и мисли темни…

Тогаш се разбудија некои од моите мозочни клетки кои емитуваа негативни сигнали за одлуката  до доцните ноќни часови да ја гледам македонската „Долина на волците“. Но, нели по онаа работа нема каење и јас, сакал или не, го започнав утринскиот ритуал што завршува со варање кафе и будење на мојата животна сопатничка. Не знам дали будењето беше прегласно или таа нешто лошо сонувала, но скокна од креветот како избезумена и ми рече:

-А бе, ти не си нормален …од памет ме извади… вака ни животно не се буди… крајно време е да одиш на психијатар!
Обично кога тоа ќе ми го каже, јас на шега и велам да си ја стави резервната и нормално разбудена глава. Потоа следи канонада од погрдни зборови и глаголи на моја адреса во која со неверојатна брзина, телеграфски ми ги шлeпнува в лице сите пропусти кој сум ги направил или, како патер фамилијас, сум требало да ги направам : те казанчето во вецето со месеци течело, те двете рингли биле  расипани ригнли, па прозорецот во кујната кој не се затворал… Боже, каква меморија!?

И, на крајот, како фил руж дека јас само сум знаел да трошам пари  по кафеани, а не и да заработувам како комшијата.
Сепак, со оваа моја непромислена интервенција успевав да ја разбудам  сопругата, ама цената по мојот рејтинг и имиџ беше огромна. Нејсе, јас сум виновен што се *рчкам…. Пушти ја нека остане поспана и нека и зуи главата цел ден.

Така веќе изнервиран седам во дневната со мојата оригинална глава на рамената и го пијам утринското кафе со малку лимон. Размислувам дали поради годините или мојот оштетен мозок многу работи не ги разбирам,  па оттаму постојано живеам во страв. А заѕвони ѕвончето на вратата – добивам стрес. Не знам дали  се алфите, добровооружените специјалци или извршителите со нивната полициска придружба.

Кога ќе го видам инкасаторот, некако ми лекнува на душата затоа што со него брзо се справувам велејќи му едноставно дека сега немам пари и нека дојде друг пат. Ете, си велам, зошто јас се плашам кога еден куп министерства и јавни претпријатија и установи не со месеци, туку со години  не плаќаат за парно, за струја, а за вода и да не зборуваме. Не им плаќаат на фирмите кои работеле за нив, не го исплаќаат детскиот додаток и, што е најжалосно, не им ја исплаќаат мизерната социјална помош на ептен  сиромашните.

Стравот го чувствувам уште од сабајле. Гледам во утринските програми на телвизиите како разни доктори ми се закануваат со многу страшни болести. Па, така, и утринското кафе веќе нема лезет.

Нејсе. Стравот продолжува кога се подготвувам за работа. Со оглед на тешката состојба во фирмата, неколку месеци неисплатените плати и други долгови се плашам да не останам  без работа. Порано во лифотот среќавав расположени комшии со кои ќе си направевме некој  шеговит муабет. Сега саде намќори, загрижени фаци кои зрачат негативна енергија. Но, не е се така црно, има и насмеани лица кои ги  гледам само на одредени телевизии кога им гостуваат претставници на власта.

Порано ми беше задоволство кога ќе отидам да шопингувам во некој супермаркет. Сега купувам цигари, а на кутијата гледам шокантни фотографии на луѓе без заби, катранисани гради… На свинското месо, покрај цената,  го гледам знакот  “опасно по живот“, на етикетата на алкохолните пијалаци на видно место стои мртовечката глава, на амбалажата на шеќер- дијабетесот   може да биде кобен за вашето здравје, на солта – таа е голем непријател за  вашиот крвен притисок и бубрезите, а на сувомесните производи стои написот – ако сакате да бидете здрави, заборавете на овие производи… На сланината, пак,  покрај цената, пишува- немојте за џабе да трошите пари, веднаш купете си билет за “59“ за Бутел…

Како последица од забрзаното темпо на живеење се повеќе сме склони кон стресови предизвикани од неколкуте милиметри бигор наталожен во  нашиот организам.. За да се ослободиме од оваа опсана болест на 21., стручњаците ни предлагаат наместо жива сода да се користи мешавината “ЛНЈ“( Латас-Неделковски – Јанко). Значи, не треба да пиеме и вода.

Кога ќе прочитам колку опасни и штетни материии над нормалата има  во воздухот, страв ме фаќа и кога дишам. За да ги решам овие проблеми веројатно треба да престанам да јадам, да пијам, да дишам или …

Па, ти си луд! И другите ми го велат тоа кога ги прашувам зошто на јапонските камиказе-пилоти им облекувале скафандери и заштитни комбинезони. За да не се изгорат ли кога со авионот ќе се струполат во американските бродови?! Или  зошто лекарот откако ќе му ја стави отровната инекција на осуденикот на смрт  со памуче му го дезинфекцира местото? Зошто, да не добие гангрена ли?

Или зошто премиерот Груевски кога новинарите ќе му го постават прашањето за долгот на Владата спрема фирмите прави фаца како прваче , при што апла се  гледа дека сака невешто да сокрие нешто? Од овие причини во ВМРО отвориле шестмесечен курс по глума кој мора да го завршат сите функционери за да знаат како да направат драмска пауза кога некој ќе им постави непријатно прашање, како да се смешкаат иако со прашањето ги погодиле во ахиловата пета и како да одговорат, а да не кажат ништо.
Понекогаш навистина помислувам дека сум луд оти немам толкувач кој овие и други нешта разумно ќе ми ги разјасни…

Тимчо Апостолов

08 апрНа Меси треба да му се забрани да игра фудбал!

На Меси треба да му се забрани да игра фудбал!

Тимчо  Апостолов

Поради нехуманиот однос на Лајонел Маси на првиот натпревар од осмина финалето од Лигата на шампиони меѓу Арсенал и Барселона, кој се одигра  минатата недела во Лондон, и особено поради неговата апла физичка агресија  кон противничките фудбалери манифестирана на реванш натпреварот во главниот град на Каталонија, се ми се чини дека асоцијацијата на англиските фубалери ќе поднесе барање до УЕФА на првотимецот на  шпанскиот шампион  да му се забрани да игра фудбал во иднина. Во прилог на своето барање тие би можеле да ги наведат следниве аргументи.

Прво, на аргентинскиот виртуоз треба да му се покаже доживотен црвен картон затоа што како од шега ги минуваше противничките фудбалери. Притоа, тој со   таква леснотија им  ја протнуваше топката меѓу нозе што од најважната споредна работа во животот направи циркус така што публиката наместо да навива со воинствени извици, таа се смееше и се забавауваше како на теренот да настапуваат најсмешните кловнови.Тоа беше тотална деградација на фудбалот.

Како втор аргумент Анличаните би можеле да ја наведат физичката агресивност на Меси и компанија од која фудбалерите на Арсенал имаа видливи последици по натпреварот. Поголемиот дел од нив морале да заминат во специјализираната костозглобна болница поради тоа што Аргентинецот со своите дриблинзи им ги искрши коските и им ги измести пршлените на рбетот. Така деморализирани некои од нив размилувале да се повлечат од фудбалот и да почнат да се занимаваат со некоја друга, похумана работа. А, оние упорните, на кои фудбалот им е во крвта, според советите од специјалистите, ќе мора подолго време да одат на терапија кај психолог кој треба да ги убеди дека тоа што им се случи во Барселона не е вистина, туку дека е само еден лош сон и дека такви волшебници во фудбалот постојат само во бајките.

Некои од англиските фудбалери, уште додека беа во шок по натпреварот, веројатно му се жалеле на клупскиот лекар дека божем поради лошото осветлување на Камп ноу имале проблеми со видот па затоа воопшто не можеле да ја видат топката. Противничките играчи стартувале онака по инстиннкт па затоа се случувало да фаулираат и играч кој не ја поседува топката.

Тренерот на Арсенал, гледајќи како неговите фудбалери трчаат како мува без глава и испаѓаат смешни пред навивачите, побарал по натпреварот сите играчи да се подложат на тест за да се утврди дали биле дрогирани. Но, на објективните љубители на фудбалот им е јасно дека на фудбалерите на Арсенал не треба да им се проверува крвта затоа што и од Месечината се гледа дека тестот ќе биде позитивен. Едноставно, лондонските фудбалери беа зашеметени од дрогата која се вика Меси.

Ние неутралните љубители на фудбалот како воајери гледавме како лидерот на шпанскиот шампион ги месеше противниците на теренот, заборавјќи за миг дека и нас бесмилосно не* месат на домашен терен. Само што постојат некои разлики меѓу волшебникот од Барселеона и нашиот пастир. Имено, додека Меси успешно дрибла на мал простор, овој вториов го прави тоа во сто чекори. Аргентинецот дриблинзите и фудбалското шоу го завршува со ефектен  гол. Меси и компанија имаат победнички дух, па така  во текот на играта успешно ги решаваат сите проблеми и евентуалниот негативен резултат го претвораат во позитивен.

И нашиот водач, главно, се занимава со дриблање на народот ( веронаука во училиштата, ХАСАП-стандарди, пластични кеси, Македонска енциклопедија, дволитарски противпожарни апарати, екстерно тестирање…), но страшно се нервира кога не може да даде гол, при што некој во дрес на уставен судија ќе му ја одземе топката. Тогаш веднаш се заканува дека ако не се исклучи односниот  играч од играта тој самиот ќе го смени бидејќи тој, односно тие ти биле остатоци од поранешниот комуњарски систем. Како и да е, гол не може да се постигне. Но, балгодарејќи на полтроните, според однапред  договорената шема  пастирот успева успешно да не дрибла. Со наместените натпревари и неверојатното чувство за политпропаганда,  ние слободно можеме да влеземе кај Рипли – имаме резултати, ама сме на дното од  табелата! Па така, градиме стадиони, фудбалски, тениски  игралишта, спортски сали, ама немаме спорт. Далеку сме од некогашниот рејтинг на македонскиот ракомет, кошарка ,борење, карате… Како што тргнало, стадионите и спортските сали ќе се наполнат  единствено со  концертите  на Лепа Брена, Здравко Чолиќ или Цеца Ражњатовиќ.

25 февМакедонски маскенбал

Македонски маскенбал

Карневалите во Македонија почнаа да се множат од година в година, па така, по Вевчанскиот, Струмичкиот од пред неколку години, по повод Прочка се одржува и прилепскиот. Како тргнало, наскоро во секој град и помало населено место ќе имаме по еден карневал. И тоа не ми се гледа како лоша идеја. Напротив. Ако споменици, цркви, театри, музеи, мостови, жичари… не им се градат на луѓето во нивните живеалишта ширум Македонија, барем ќе имаме дисперзија на карневалите низ нашата, се уште, целовита Македонија. Барем луѓето преку маските ќе го изразат својот гнев, радост, она што сакаат да им го кажат на властите, карикирајќи ги на духовит начин разните појави, настани и личности… Ќе се дружат и забавувајќи се два-три дена, ќе се обидат да избегаат и да ја заборават суровата реалност.

Сепак, се чини, општествениот маскенбал, според инвентивноста на авторите далеку ги надминува сите стари и нови карневали во земјата. Некои од маските што ги ставаат познатите личности ги забавуваат и засмејуваат луѓето, некои ги иритираат. Така, портпаролот Бичиклиски во последно време се почесто ја облекува маската на јавниот обвинител. Остро и бескомпромисно се бори  против сите девијации во општеството, посебно против корупцијата и криминалот.

За разлика од јавните обвинители на поранешната власт, тој без влакно на јазикот и затоа  наместо сомневања  точно ги лоцира и обвинува  типовите како што се   Макрадули и Бучковски дека се криминалци  кои ја оштетиле државата за преку седум милиони денари. Со оглед на тоа, дека премиерот не е задоволен од работата и на Уставниот и на Врховниот суд, кај и да е, еден ден, најверојатно, ќе ја облече одората и  на  врховен судија. Одвреме навреме тој ја облекува и маската “ретро“, која ја става на прес-конференциите кога, обично, нема одговор на обвинувањата од јавноста, или од опозицијата.и, на видно место од гардеробата ги става ТАТ, Рамстор, приватизациите на “Славија“…

Уште поинтересна е маската што ја става несудениот правник Влатко Ѓорчев. Откако успешно ја градеше кариерата со ликот на млад, бунтовен панкер и провокатор, сега ја стави маската на приврзок  на премиерот (да му се најде при рака ако треба да му купи бурек, или на локалните шерифи да им ја пренесе пораката на Вождот, дека неговото писмо мора да го спроведат во целост). Одвреме навреме ја користи и старата маска во ново руво, кога треба да се линчуваат противниците.

Министерот за образованиe Никола Тодоров, откога седна во фотељата, не ја симна маската со која многу ефектно ги забавува децата, а на родителите им ја крева косата на главата. Неговиот впечатлив талент  сите тие  го забележаа веднаш.

Министерката Елизабета Канческа Милевска со успех ја носи маската на  директор на приватната градежна фирма на Владата. Се има впечаток дека таа работи повеќе од 24/7. Од работа на проектите за изградба на театарот, филхармонијата, црквата, музејот на восочните  фигури, триумфалните порти, жицарницата на Водно, мостовите… нема  време да отиде во театар или на некоја ликовна изложба. Сега таа само чита проекти. Книгите ќе дојдат на ред во некое друго време.

Јавниот обвинител ја носи маската на домазет. Има очи и уши, се гледа и слуша, ама нема глас. Дедото и бабата кои го примиле во семејството, како да му го изеле јазикот. Така да сега дозирано, преку цевче, го хранат. Понекогаш му даваат трошки од лошите комшии, да ги изеде за да види народот дека се уште е жив.

Министерот за правда не треба да носи маска. Неговата е видлива од месечина. Во левиот џеб го држи едниот тас од вагата на божицата на правдата, а другиот тас се наоѓа кај премиерот. Така правдата ем станува растеглива, ем има два краја, и според желбите, може да се употреби било која од нив.

Мирјана Димовска ја носи маската на лидер на корупциската комисија. Она “анти“ и е свиткано под реверот, и го вади само кога држи прес-конференција. Благодарејќи на оваа ситна камуфлажа, таа како награда ја доби маската на цензор на македонската телевизија. Но, благодарејќи на нејзиното новинарско искуство, таа успешно ја забошотува главната функција со вистинското дозирање на информациите, со кои постигнува привид на објективност на  националниот канал.

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Хари Хаџи Ристески , ја носи маската “Секое чудо за три дена“. Човекот од целосната посветеност на уништување на македонскиот фудбал, патувањата во странство и трошењето пари од УЕФА, нема време да се појави на некој натпревар од македонската фудбалска лига, или пред јавноста да даде отчет за својата работа. А, и зошто тоа би го правел, кога зацртаната цел успешно ја остварува и може да се случи уште оваа година да ја оствари и првата лига да остане со 4-5 клуба, меѓу кои најверојатно ќе го нема и Вардар, брендот за македонскиот фудбал на Балканот и во Европа.

Амди Бајрам носи со себе две маски: едната постојано – маската на Глупиот Август и втората, која ја менува на секои четири години. Така, тој со маската на актуелниот премиер постојано е во тренд. Во минатото еднаш направи грешка – во погрешно време ја стави погрешната маска, и затоа мораше одреден период  да го носи пругастиот црно-бел дрес. По ова лошо искуство, сега од петни жили се труди грешката да не ја повтори.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, сега ја носи маската на “Нажалена вдовица“ – сака да води љубов, а да остане невина. Се труди да ги покрие сите брчки  и подочници  стекнати од  минатиот труд, и да остави впечаток на самоуверена и неприкосновена личност, на која сите ќе и аплаудираат. Со стари финти се труди да го задржи некогашниот шарм кој, за чудо, кај некои уште пали – се уште околу себе има голем број додворувачи, кои не ги одбива децидно, давајќи  им надеж дека можеби ќе имат успех кај него.

Премиерот Никола Груевски има повеќе маски. Главната е онаа на Вожд на народот. Таа е особено впечатлива и доминантна кога тој и соопштува на рајата некоја позитивна вест, а во позадина се наместени сите апостоли со маски кои немаат очи и уста, туку имаат само уши. Кога разговара со странските дипломати, ја носи маската на Мајка Тереза, а потоа на прес-конференциите за домашната јавност ја облекува маската на лавот.

Понекогаш, во брзаницата, по грешка ќе ја стави маската на Бичиклиски (како последниот пат, кога покажуваше некои листови хартија кои би требало да го  потврдат сомнението во објективноста на Уставниот суд), или на општински градоначалник (кога фрла лопати на поставувањето камен темелници за детски градинки, школски сали или карпи за качување).

Со оглед на тоа дека неговата работа е стресна, по препорака на лекарите наместо апаурин, сега секогаш со себе ја носи куклата на Бранко Црвенковски, па секогаш кога притисокот ќе му се качи, го вади малиот Бране и го гмечи, го гмечи….. додека тоа не почне да испушта пискливи звуци.

Но, најлошото е во тоа што мнозинството од граѓаните  во карневалот наречен живот, секогаш  досега  ги носи маските на овци…

Тимчо Апостолов

(Објавен во рубриката Муабети на улица Македонија  во денвниот весник “Бизнис“)

28 јанУбавино, ти ме заморуваш веќе !

Тимчо Апостолов

Да ти е… животот кога убавите моменти, како минатиот викенд, ти се случуваат  толку ретко во годината, што од радост, едноставно, почнуваш да лебдиш во воздухот, ми вели Калин додека на научна основа протегаме нозе по студот заради раздвижување на мускулите и подобар крвоток кој живот значи.Тоа што нозете, ушите и рацете ни смрзнаа, а носот ни стана издашно кладенче, нема врска.

- Што те расположило толку? Да не најде некој ќуп со алтани од прадедо ти или фати нешто во обложувачница? – го прашувам.

-Не бе, не е се во парите иако без нив не се може. Македончето навикнало со векови да живее скромно и во сета таа немаштија знаело да се весели. Прво се почуствував горд кога прочитав дека нашиот деветгодишен Марко Ќаласан стана најмладиот програмер-инженер на „Мајкрсофт“. Прошетав по интернет и видов дека немаше сајт, весник или агенција која не ја објави оваа информација, вели Калин.

-Имаш право,- му велам. – Нека види светот дека не сме само тутулебалиња, дека и кај нас има  паметни луѓе. А бе, по пет пати ја читав веста и  интервјуата што ги дал тој, затоа што ми беше мило на душата, се надоврзав.

-А во неделата вечер не можев да ги сопрам солзите од измешаните чуства на тага и гордост гледајќи го хуманитарниот концерт организиран по повод роденденот на Тоше. Балканските и нашите ѕвезди со интерпретацијата на  песните од Тоше и за Тоше направија врвна музичка манифестација што ја следеа повеќе од 20 милиони  луѓе од Балканот и од светот. Морници ми го тресеа телото речиси по секоја песна, а потоа читам дека така се чувствувал и милионскиот аудиториум – продолжи Калин.

- Јас, пак, прочитав дека  Крушево, освен српски и хрватски граѓани, се повеќе го посетуваат и Бугари. Покрај мотивот да го посетат гробот на Тоше, луѓето може да ги видат убавините на Македонија. Нив сигурно ги трогна хуманоста на Тоше, но и одлично направениот видео-клип за осветлувањето на манастирот – возвратив јас.

- И така, додека со соседите сите со навлажнети очи ја следиме убавината што доаѓа од салата „Борис Трајковски“, ѕвони телефонот и ми се јавува Бојан. “Виде ли како игра Пандев? Растура човекот! Еве сега само што го проигра Милито, а овој уште подобро шутираше и му даде гол на Милан. Интер води со 1:0 “, објаснува Калин, додавајќи дека тоа било пат-ситуација и не знаел што побргу да гледа.

- Зошто не го гледаше преносот од  натпреварот Интер-Милан? Концертот  сигурно ќе го репризираат  уште неколку пати, па ќе можеш на раат да уживаш – му се обратив

-Така и направив. Со соседот се префрливме во другата соба и продолживме да го гледаме дербито на калчо-лигата. Како играше Пандев, Роналдињо, Пирло и компанија не се видоа, а на оние од одбраната на Милан не само што *рбетот им го искрши, туку од слободен удар им даде гол за паметење.

Со левата нога, без голем залет, топката ја упати преку живиот ѕид во самиот агол. А бе, еврогол… Знаеш ли дека Роналдињо не сакал да застане  во живиот ѕид  со грбот свртен кон голот? Кога го праашле зошто, тој им одговорил дека и самиот сакал да ужива, гледајќи го голот што ќе го даде Пандев – се пошегува Калин.

- И јас разбрав од еуфоричните извици на соседите дека Пандев дал еврогол. Веднаш отидов до другиот телевизор и уживав во репетицијата. Какво мајсторство со кое на Интер му ја обезбеди победата  во клучниот натпревар  со вечниот месен ривал за освојување на шампионската титула на Италија.

Ми беше неопишливо драго. Патриотските чувства и гордост уште повеќе ме навјасаа откако  помислив дека во тој момент Македонија  е во центарот на вниманието во Европа и светот поради тоа што преносот од  салата “Борис ТРајковски“ го следеле над 20 милиони луѓе, а преносот од миланското дерби повеќе од 200 милиони луѓе во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Австралија.Таква афирмација  на Македонија  немаат направено ни Киро , Бранко,Љубчо , ниту  Грујо.,ниту спотот на Манчевски за кој се потрошија 200.000 евра за реализација и уште толку за емитување на CNN

Никој Тоше или Пандев не ги ословуваше како фиромовци, туку како Македонци. Така се прави афирмација на Македонија, на нашиот идентитет, култура и традиција. Милина една силна, како што вели композиторот Љупчо Константинов во песната “Убавино – ти ме заморуваш веќе…“, ги изустив овие зборови со големо задоволство.

- Ајде, премрзнавме веќе, – ми  вели Калин, -  да влеземе во кафеаната, таму сугурно веќе стигнал Бојан.

Седнуваме и нарачуваме по една ракија, за да се згрееме. И Бојан уште под пресија од прекрасните мигови што ни се случија викендов. Додека така лебдевме на крилата на убавината, на масата ни се тупоса баџанакот на Калин.

-Ајде аирлија, од март ќе си купуваме евтини коли од Запад. Ќе се моторизираме со нисани, мегани, алфа-ромеа – почна тој.

- Идејата може да биде добра, ама ние од брзоплетост сите работи ги упропастуваме. Така беше со  ХАСАП-системот, со Законот за пушење… Се плашам да не биде така и со увозот на стари коли. Да не го собереме само кршот и потоа со гас-маски да се шетаме за да не се задушиме од отровни гасови. Ама кога го видов Влатко Ѓорчев како  собира  информации за увоз на половни возила од гледачите и им закажува средби  во Собранието и Владата, ми пукна филмот.

Па, има ли оваа Влада Министерството за транспорт, стручни тимови, амбасадори во странство кои ќе достават релевантни информации за прописите и начинот на извоз на половни возила!? Испаѓа дека тие во министерествата само јадат бурек, а тв-емисијата “Јади бурек“ му доаѓа  некако  како  нивен истурен секретаријат  кој треба да ја заврши нивната работа. После уставен суд им е виновен што им ги урива законите – кажав револтирано.

- Да бе, – вели Бојан. – Види сега откога овие непушачите навалија по кафулињата и кафеаните и од нив слободно место не можеш да најдеш, властите  сфатија дека треба да го менуваат законот, ама пак брзоплето. Ќе дозволеле пушење на терасите од март до октомври,  а внатре во кафеаните само во непарни денови. Сето ова ме потсетува на едно друго време кога возевме коли и имавме струја во парни и непарни денови…

Колумната е објавена  во дневниот весник “Бизнис“ 28-јануари 2010 год

23 авгСо ѓон на народот

Тимчо Апостолов

Календарски не-календарски, за мене летото, а со тоа и одморот, заврши со крајот на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Тоа беа денови на уживанција, на дружење со другарите и келнерите Коле и Рики од 16 до 24 часот. Така, без блиски средби со сопругите (освен сабајлешниот дотур на пари), тоа беа најсветлите денови од нашите бракови. Во муабетите, политиката не ни беше ни под разно. Во тој период Груевски можеше да ни протури каков сака закон, а можеби тоа и го направил, но за тоа ќе бидеме свесни наесен. Но, прва работа за која се освестивме, беше страшниот факт, дека дебело сме влегле во минус на банковните картички. Ни беше страв да покренуваме истрага кој повеќе пари потрошил, дали ние во кафеана и на кладилница, или сопругите во шопинг. Од тоа произлегуваше непобитниот заклучок, дека оваа година ќе биде престапна за годишниот одмор.
Дома си е дома, ама од горештините око не склопив цела ноќ. Денот почна да се буди, јас поспан и жива вода, а главата-тапан. Од телевизорот ја слушам  временската прогноза, според која, денес ќе било уште потопло за два-три степени, па според советите на лекарите, граѓаните без посериозна причина не смеат да излегуваат од дома во периодот од 9 до 18 часот, бидејќи времето било опасно по здравјето и нивниот живот.
Добро, си велам, и почнав да размислувам, дали за мене одењето на работа претставува сериозна причина? Навидум, прашањето изгледа неумесно. Потоа  почнав да го анализирам и дојдов до изненадувачки заклучок: зошто би одел на работа, кога одамна веќе земаме само минималец, а и него не сме го виделе веќе четврти месец. Бидејќи фирмата со една нога е во стечај, на работа владее вистински башибозук, во кој некои мангупи сакаат да си присвојат што можат повеќе, други – си работат приватно во работно време, а трети, посебно менаџментот на фирмата, почнаа со прибирањето алиби (со мобилните  телефони снимаат  документи) за по промената на власта, остатокот од животот  да не го поминат во нумерирани пругасти алишта, заради тоа што им е јасно дека тогаш нема зад грб да го имаат Мане…
Згора на тоа, одењето на работа ме чини 300 денари (бензин, цигари, кафе, појадок). Брзо донесувам одлука да не одам на работа – ем ќе си го зачувам  здравјето, ем ќе заштедам 300 денари, а на работа, бидејќи нема работа, ретко кој ќе го забележи моето отсуство.
Веднаш потоа му се јавувам на мојот другар Калин, и по телефон му ја елаборирав мојата анализа која, бидејќи знам дека е моја крвна група, тој веднаш ја прифати без размислување. Но, за доанализа на проблемот, ми предложи веднаш да се најдеме во маалската кафеана. Речено-сторено.
- Не, не, јас сум дефинитивно болен од неизлечива болест, не можам да ги сфатам работите, не можам да најдам одговори на многу прашања…, ми вели резигрирано Калин.
о Што не ти е јасно, што е постаро, кокошката или јацето? Не си ја тупи главата за џабе, еве по 2000 години, англиските научници ја разрешиле дилемата. Постара е кокошката, му велам.
- Не бе, не тоа. За кокошката прочитав и јас. Но, не ми е јасно како тоа, некој министер, да речеме Минхаузен, на некоја си бивша турска држава, или на некоја си бивша српска или бивша бугарска држава, кој и покрај тоа што на секој десет дена позајмувал по дваесеттина милиони евра, вели дека сепак земјата не се вбројува во презадолжените земји. И, додава дека со оглед на светската економска криза, економската состојба во таа држава е стабилна, дека тие ги исполнуваат ветените програми…, а ваму обележаните весници, кои не пишуваат пофални оди за власта, велат дека државната каса е празна, дека  владата му должи на стопанството од 200 до 300 милиони евра, дека 43.000 фирми се пред банкрот, а 73.000 банковни сметки на граѓаните се блокирани. Згора на тоа, додај ги 320.000 невработени… Како сето ова може да биде нормално…
о Види Калин, му велам јас, за да го разбереш тоа, треба да сфатиш дека во таа држава, за сите набројани проблеми, е виновна опозицијата, која ја води пропаднат комуњар.
- Па, добро бре, ако е пропаднат, ако опозицијата е трула вишна, зошто тогаш секој ден се плашат од него како зајче фрлено во кафезот на питон?
о Ајде бе, Калин, многу  го тупиш. Оди на градска плажа, сончај се, уживај малку, само кукаш како Лазар Еленовски и Андреј Жерновски по медиумите.
- Ти нормален ли си? Сакаш да ме прогласат за улав, оти ќе бидам прв на градска плажа кој соблечен во гашти ќе се сонча на лежалките…, па да ми се соберат воајери и оние за кои не критикува Европа, оти државата не им изгласала закон за слободна сексуална ориентација. Нека ми дадат пример тие што ја креаираа оваа глупост “на плажа без капење“. Нека се испружат на лежалките Трајановски, Вељаноски, Маневски, Бонева… во танга гаќички, вмровците ќе соберат повеќе симпатизери отколку на било кој нивни митинг.
о Ало, магија, доста ломотиш, устата ми се исуши. Ајде на здравје, го прекинувам неговиот монолог. А, тој веднаш ми одговара.
- За среќа, подобро да си наздравиме за среќа…
о Ма немој, што ќе ти е среќа ако немаш здравје?
- Добро бе, ај кажи ми, од бродот Титаник, кој се спаси, тие што беа здрави или тие што имаа среќа! Ене го Мики комшијата, имаше среќа, дознал за некој конкурс за работа, а сега стана директор и млати пари. Јас и ти сме здрави, ама и него ќе го изгубиме од секирации и беспарица. Да имавме среќа, во 92 минута од натпреварот, голгетерот на Гана немаше да го промаши пеналот, ние ќе лапневме 70.000 денари и сега ќе си ги ладевме на Охридското Езеро. Или    како фармерот од Битола, Душко Илиевски, кој немал среќа и во нивата наместо плевел му изникнала дива опозициска билка, од која власта се плаши како ѓавол од крст, па затоа беше во ќорка…
- Имаш право, ние да имавме среќа, немаше да се родиме во ова балканско буре полно со омраза, простотилак и сиромаштија, туку некаде во Шведска, Холандија или Данска.
О А, бе, земјичката не ни е лоша, кај да буцнеш раѓа, ама немаме среќа со власта. Само мислат на себе и на својот џеб и рејтинг, фрлаат лопати, а никако да фрлат некое ковче на народот, или некој денар на фирмите.,Кога треба да ни земат пари – законите стапуваат во сила веднаш, а кога тие треба да дадат пари – тоа е на рати до 2015 година. Пензиите ќе се зголемувале по два-три насто во наредните четири години, инвестиции од 8 милијарди евра ќе пристигнеле до 2015, а ваму, Законот за домување важи веднаш. Иако и на станарите, па и на власта, законот не им е јасен (сега доработувале дали фирмите на здружените станари на крајот на годината треба да плаќаат данок или не, сега ќе ги регистрирале фирмите специјализирани за одржување на зградите, иако Собранието донесе одлука за формирање на регулаторна комисија за домување уште во јули, таа досега не е регистрирана и не може да почне со работа, бидејќи потребно е пратениците да го усвојат нејзиниот статут, но тие, нели, се уште на одмор), а станарите кои не формирале зедничка фирма или не нашле управител, секој ќе биде казнет со 18.000 денари.
- Доста бе Калин, не сме му згрешиле на Господ, можеби наесен ќе имаме среќа…, ти теквит?
О Да бееее, ајде во таа чест да наздравиме: нека ни е со среќа!

16 јулИма ли спас од нашите вувузели ?

Тимчо Апостолов

Фудбалот е најважната споредна работа во животот која ти овозможува секој ден , без проблеми од сопругата, да излегуваш од дома  и да  си се дружиш со пријателите , доброто мезе и пијалокот а вувузелите се најголемиот уништувач и на  главните и на споредните нешта во животот .Од нивниот  продорен звук  кој силно  го иритираше мојот нервен систем ,умот ми штукаше  а ушите ми зуеја 7/24 и како збрлавена мува не можев ниту асолно да работам , ниту  да јадам- ни да уживам во фудбалските натпревари.Мамето мамино на тој  што ги измислил.

Нејсе, не е битно кое чоколадно типче ја измислил  кога во пустината сонцето му удрило в глава ,ама мене долго очекуваното задоволство од  најголемиот фудбалски фестивал во светот  ми пропадна.Наместо да уживам во мезето, пијачката и убавините на фудбалската игра, ме обземаа главоболки и нервоза..Дел заради пискливиот звук од парчето пластика обоено во живописни бои,,дел заради радио коментаторите на  македонската телевизија  а можеби и заради  тоа што  испаднав труба  во обложувањето на кладилниците.За потрошените пари и да не зборувам  затоа што тоа нешто, јас и моите пријатли категотрички  го поставивме  како  табу тема  во разговорите со сопругите.Салдото на картичките  ни  се истенчи  и отиде во голем минус  исто како и државната каса но надежта нели  последна умира па очекуваме  сега да не послужи среќата на лото, за да ги извадиме  барем парите што ги  потрошивме во кафеаните. Ако,пу,пу. не дај боже , не ни се случи тоа , како оправдување што нема да одиме на летовање,најжестоко ќе ги обвиниме  хедџ фондовите  кои со своите манупилаторски  игри на берзата ја предизвикаа  светската економска криза  од која на виделина испливаа матните финансиски  малверазии  на владите на голем број држави од светот.Шуќур  според  вувузелите од нашата власт   Македонија не е  на тој список затоа што тие работеле  со крстот на чело и раката в џеб.Стално велат пари има , а ние никако да ги видиме.Да не биде после како онаа српската “ лова до крова  а кров у подруму“

.На писклувиот звук на вувузелите  некако и  се навикнаваме но  вувузели коментарите на натпреварите никако не можевме да ги свариме.А бе не утепаа со статистички податоци и со многу важни  информации  од типот каде биле родени татко то и мајката на некој фудбалер, дали тој си го чачкал носот  кога бил мал или кога со топката го скршил првиот прозорец …Едноставно  ни го убија задоволството за уживање во фудбалската магија.Се добиваше впечаток  дека  тие седнати пред мониторите само ги читаат претходно  подготвените материјали и воопшто не го гледаат натпреварот.Аман  бе господа, викав,спасете не од советите кои постојано им ги делите на играчите и тренерите,напијте се малку вода, земете воздух или одете до тоалет,оставете не барем малку да ја почуствуваме возбудата која ја носи фудбалот,

Со пријателите се обидовме да експериментираме и да го прифатиме рекламниот слоган –“гледај  слика – исклучи тон“ ама радио коментарите беа бетер.Недуховитите, приземните забелешки и вулгарностите  уште повеќе не отргнуваа  од фудбалската игра.Зарем сме толку сме  “зрако прц“ спортска нација ( што би рекле Хрватите) или пак мерилото на партиски ( не)вредности  зацарувало  во сите пори од  општеството?Фудбал дефинитивно немаме ама  хазардни игри колку сакаш. Се коцкаме со името на државата, со историјата,со доистоинството на парламентот,со правниот  и здравствениот систем,со стандардот….

Но тоа ти е така: колку една држава е посиромашна – толку повеќе лотарии и наградни игри се организираат.Бидејќи нашата влада сака да биде во тренд,нејзините вувузели наголемо го најавија  квизот  со наградното прашање: колку пари државата му должи на стопанството? На барањата на граѓаните- играчи  за дополнителни информации кои можат да им бидат ориентир  за сумата,  министерот Пешевски вели дека  не може да даде одговор бидејќи  сумата постојано се менувала  , Фатмир Бесими   вели дека таквите податоци  ги има само министерството за финансии  чиј пак  министер   само загонетно се смешка и саркастично вели дека тие одговорот веќе го дале повеќе пати..Единствено  само премиерот Груевски  се обиде  да им помогне на играчите  во квизот.Тој како во играта со скириеното богатство , на граѓаните им им вели “ ладно, ладно“, кога сака да им укаже  дека се  движат во погрешна насока  или “топло, топло“ ,кога ја охрабрува А1 Телевизија  дека во лицитацијата  на   точната сумна на долгот  , се движи во вистинскиот правец.Сето ова  би можело да има забавен карактер  доколку  прашањата  би се однесувале  за тоа колку пари ( и за што ) вувузелите од власта  потрошиле од својот личен буџет но кога се крие одговорот за што  (и колку )се потрошени пари на граѓаните,  тоа само зборува на кое бедно ниво  стигнало  нивното  сфаќање за демократијата

Ајде, светското фудбалско првенство заврши но, како сега ќе се справуваме со вувузелите од  актуелната политичка сцена и долгот  кој кога тогаш ќе исплива на виделина..Со каква самобендисаност и силина тие сега дуваат што се добива впечаток дека сакаат да ги забошотат одговорите на многу прашања како на пример ,дали пратениците  треба да ја контролираат работата на МВР или Јанкуловска (која тие ја избираат ) треба да ги контролира нив,колку пари чини проектот “Скопје 2014“,кога родилките ќе ги примат  парите,дали сточарите  ќе бидат обештетени  и кога тутунариуте ќе ги добијат ланските премии,….или пак сакаат да го оглуват народот и да владеат  со замајани луѓе? Стручњаците на францускиот  ТВ Канал5 успеале да  го изолираат и елеминираат звукот на вувузелите од атмосферата на стадионите  и на тој начин да им овозможат на своите гледачи на раат да ги следат натпреварите.Со оглед  на тоа дека ние немаме толку пари за да го откупиме нивниот изум  еве неколку бесплатни идеи  за тоа како македонскиот народ  може да се спаси  од актуелните вувузели.

  1. Предлог : далечински управувач.Кога ќе се појават  на малите екрани  треба  само да го земете далечинискиот управувач и да го смените  каналот.Тоа нема да ве  чини  ништо ама ќе го направите првиот голем чекор  за зачувување на вашето здравје.
  2. Предлог – домазет.Треба  сосема да го исклучите тонот  и само да ги гледате.На тој начин  преку подвижните слики  ќе се информирате  каде биле, со кого разговарале, на кое место фрлиле лопата бетон и нема да се нервирате.Притоа нема да имате кусок на  информации за тоа што рекле бидејќи од досегашното искуство   уште кога ќе отворат уста , знаете што ќе кажат : дека секој ден се повеќе и повеќе напредуваме наназад, дека  тие го остваруваат тоа што го ветиле во програмата па дури и повеќе од тоа но за жал, вакво -таквиот народ тоа не може да го сфати, дека наскоро  Бунарџик 1,2,3………14  ќе привлече голем број инвеститори, дека , ало магија, просечниот личен доход  ни бил 21.000  денари а ние тоа не го знаеме , дека сите поголеми дупки во градот  ќе бидат затворени  па дури и она дипчиште  во буџетот…
  3. Предлог  – зурла.Кога македонските вувузели ќе трубат на јавните настапи,за заштита на својата психофизичка состојба и разум, треба да  им се спротивставите со зурли..Не знам колку децибели  е звукот од  зурлите но во народот е  собрано толку  многу гневенергија што мислам  дека ќе ги загушат вувузелите и со тоа ќе им дадат јасен знак дека тие  не можат повеќе да вираат на овие простори.

23 јунСензација : Македонија играше нерешено со Бразил !

Тимчо Апостолов

Ваквиот   и другите слични наслови од типот  “Прокоцкана шансата да се победи  светскиот првак “,Светските шампиони  се спасија од пораз“, “Орото ја надигра самбата“,“Македонците  ги изненадија  кариоките“, “Пандев  и го искрши рбетот на бразилската одбрана “,“Фортуната на страната на Бразилците“…..осамнаа  во домашните и светските весници  по синноќешниот натпревар помеѓу репрезентациите на  Бразил и Македонија кој заврши  нерешено 2:2. Иако македонската  репрезентација  водеше на два пати  1:0 и 2:1 и само две миннути  и фалеа за да  го забележи историскиот успех и се квалификува  во полуфиналето од Светското  првенство, примивме гол  заради несфатлива грешка на одбраната..Така големото изненадување да се победи повеќекратниот светски шампион пропадна иако  според играта и шансите победата на македонската репрезентација ќе беше  сосема  заслужена. Македонската репрезентација во состав :Симон Трпчевски, Влатко Стефановски, Кире Лазаров, Есма,Глигор Чемерски, ,Милчо Манчевски,Дарко Марковиќ,Слободан Унковски , Кирил Џајковски ,Горан Пандев, Дарко Панчев и младиот  Марко Ќаласан под водство на селекторот  Мајк Зафировски играше одлично.Тој наместо тактиката на неговиот претходник  – да се браниме и со пасивна игра да чекаме грешка на противникот, се одлучи за нападачка тактика во која нашите  репрезентативци  постојано ја имаа инцијативата. Известувачите на светските медиуми  забележаа дека одмана не ги гледале бразилските фудбалери во таква подредена  положба.

Кафаните и плоштадите беа преполни  со луѓе кои ги славеа победите на нашата репрезентативна селекција.Се радувавме но и работата ни одеше како песна. Чудно но вистинито, славјето  ја стопи и омразата  и антагонизмот меѓу македонските партии.Луѓето не им веруваа на своите очи кога ќе ги погледнеа телевизиските извештаи и фотографиите  на кои убаво можеше да се забележи како  во иста кафеана , со чашката ракија, пиво или вино , прегрнати си наздравуваат  Шеќеринска и Бонева, Макрадули и Димовски, како Влатко Ѓорчев му става мраз во вискито на неговиот професор Бучковски, Филимена  ја фатила под рака Виолета Дума и бара совет за  спортска гардероба за да биде во тренд , па дури и Али Ахмети и Мендух Тачи заедно пукаат со шмајзерите во воздухот по секој наш гол  а Грујо и Бране со узото и вискито им наздравуваат на останатите присутни на масата : Ѕинго, Тито,Љубчо војводата, на Љубе слаткарот, на баце Столе, додека  Бичикилиски  ја чита телеграмата  со честитки од Папандреу …

.По ваквиот пресврт во општествено политчкиот живот во Македонија, Мирка  се вработи во штабот на СДСМ и почна да ја пишува биографијата на партијата ,Миленко  како современ Робинзон Крусо отиде да живее во  непристапните места од шумите на Кораб  за лично  да го спроведува експериментот со кој сака да ја побие Дарвиновата теорија за постанокот на човекот,Латас има  сопствена телевизија која ја финасира Сорос  а промоторот на Греуевски во  Пастир на народот, велат дека  чува овци  на псиштата некаде околу Врање додека Јанко  како ди џеј ги забавува гостите на Ранко,  “Кај Маршалот“.Владината МРТВ  наместо владините  маркетиншките спотови сега е преплавена со дебатни емисии во која експертите  ги кршат  копјата околу тоа  што би требало да се направи за  невработеноста  да биде помала од 7  проценти  а  просечната плата  поголема од 1.100 евра.

Тоа беа моменти  кога беше гордост да си Македонец.Свестките весници и  телевизии беа преплавени со написи  и репортажи за  Македонија,  во кои беа прикажувани природните убавини на нашата земја, историските  и археолошките знаменитости, на широко и големо се зборуваше за нашата културна и музичка традиција,за нашата кујна ,за обичаите и табиетот на  македонскиот народ.За да се плати  таква афирмација и реклама низ целиот свет не знам дали ќе свршеше работа и половина од македонскиот неребалансиран буџет. .Толку ми беше полна душата што срцето ќе ми пукнеше од радост.

Со оглед на тоа дека мојот живот е виртуелен  бидејќи кога  ги слушам  премиерот и министрите  од неговата Влада, се чуствувам како Швеѓанец а кога ќе отидам во супермаркет – како Етиопјанец ,не знам повеќе што е јаве  а што вистина.Но овие чуства беа толку силни што јас  бев убеден дека   тоа не е сон,  дека  мене навистина ми се случува.

Ама јадец. Електронскиот петел се посилно и посилно  кукурикаше и за секунд  парампарчад ја направи мојата убава фантазија.Го исклучив копчето од будилникот и полурасонет, махинално  по ред почнав да  ги извршував  моите редовни утрински обврски кои на крајот завршуваа со  пиење  кафе на терасата.Сонцето уште целосно не беше изгреано, ама  сепак неговите зраци  придонесува бујната зазелента природа  да изгледа  фантастично Утринскиот мир и тишина го нарушуваа само  чрчорењата на ластовичките  и моето шмркање на кафето.Е си велам, зарем толку малку е потребно  сето ова да биде вистина.Зарем нема чаре, зарем нема  да се роди таков јунак, што проклетството кое не обземало да се уништуваме едни со други ќе го избрише со гума  за добробоит на сите.

Но , наместо  толеранција,наместо да се сослушаме ,да разговараме и ако треба да се испокараме, денови и ноќи  да разменуваме аргументи додека заеднички не ги утврдиме  главните интереси на нашата држава,премиерот, ни пет- ни шест,на родеденденската прослава на владејачката партија, фрли  голем камен  врз стаклените нозе на единството на граѓаните на Македонија.Обично на родендените, луѓето  се собираат за да се дружат, да се мезат, да јадат торти и со песна да слават.Таков е адетот.Затоа  многумина  останаа вчуденовидени од леснотијата со која Груевски  ги исфрли отровните стрели  против сите други граѓани  кои  не се членови на неговата партија а, на кои,  тој сепак им е премиер или би требало да им биде тоа. Таквата директна закана  кон својот народ   и кон дел медиумите е невидена навреда за нив и отров за единството и иднината на оваа држава.Па мајкаму стара, не може  сите  два милиони граѓани да  бидат полтрони и да  ги затворат очите  пред нефункционалното  трошње на народните пари,пред    неподготвените и смешни експерименти  кои ги водат бруцоши во  образованието, здравството, не можат  сите да си стават фластер на устите за да не прозборот  против социјалните неправди, корупцијта, теледиригираното судство или  за сиромаштијата која секојдновно им виси над   како дамаклов меч над главата.Наместо  највисоката извршна власт  во државата, сериозно и внимателно  да ги  разгледува издржаните забелешки  и сугестии   и да ги решава проблемите кои го тиштат народот,премиерот од него бара да  изигрува огледалце  кое на сите  прашања ќе  одговара дека тој најдобар и  најумен или пак со ефтини пропагандистички финти ќе сака да го докаже тоа.Народот не пасе трева и свесен е дека не постои волшебно стапче со кое веднаш можат да се решат сите проблеми.Кажете го отворено тоа, повеќе ќе ве цени и сака отколку  со спотови   да го уверувате дека  сте безгрешен и дека секој ден само напредувате и оставрувате, и остварувате… Немојте  да мислите дека  луѓето ќе им веруваат  на вашите  популистички штосови од типот дека  во општите мерки за штедење и на функционерите ќе им бидат намалени  платите за десет отсто , односно за околу 6.000 денари, кога таа сума на пари е мислена именка за 320.000 невработени и за половина од таа бројка  вработени .Дали сега заради тоа што вака размислувам(е), маркетиншката агенција “Латас едн компани“  која  веќе ја активиравте, треба да ни лепи етикети дека сме предавници, дека сме за грчкиот предлог  со кој треба државата да го изгуби името ,идентитетот, јазикот, многувековната традиција…Јалнаш сте…Не постои  граѓанин на оваа држава  кое тоа би му паднало и на сон. Ако сето ова е евидентно , тогаш барајте  решенија  на проблемите за да атмосферата од почетокот на овој текст не биде само сон?.Угледајте се на  Мајк Зафировски и составете  победнички тим  во кој мерилото на вредноста ќе биде над партиската припадност.

15 јунГруевски како Тоти– најчесто е во офсајд !

Тимчо Апостолов

Фудбалот е најубавата  споредна работа во животот  и воедно најпопуларна.За фудбалот сите дискутираат исто како и за политиката.Сите   знаат се ама разликата е во тоа што  политичарите трошат најмногу народски пари а  фудбалот по нафтата и оружјето носи најмногу пари, од кои голем аир имаат  фудбалерите, клубовите но и  стопанството и буџетите  на државите.

Сепак оваа златна кокошка никако да завирее и на нашите простори.Таман ќе се појават неколку  и ќе помислиме дека и ние како другите ќе се радуваме на зелените терени, кога оп, златните кокошки ни побегнале таму некаде џенем во светот.И така , иако сме талентирана расадник  за се па и за фудбалот, ние  фудбал немаме…..

Иако владта како најголема градежна фирма во државата постојано  поставува камен темелници на  спортски сали и игралишта, нашиот фудбал е далеку од комшискиот  а  уште подалеку од европскиот.

Ќе речете нелогично, ама логично е кога ќе сфатите   дека кај нас во спортот има уште поталентирани мангупи кои наместо да се грижат за златните кокошки, да ги одгледуваат и размножуваат, тие  елегентно ги присвојуваат за  да  несат  златни јајца само за нив и за нивните политчки ментори.Така додека милиони  љубители на фудбалот  деновиве ќе навиваат  за своите репрезентации кои се натпреваруваат на Светското првенство   ние ќе си останеме изолирани далеку од  Европа и Јужна Африка , закопани ( но горди) во своите антички корени.

И покрај депресијата  која поголемиот дел од народот го  зафатила заради тоа , селекторот  на нашата репрезентација  Никола Груевски е оптимист.Тој вели дека направил програма,  дека тој  и неговите избраници работат макотрпно 24/7, дека нема  застој  во остварувањето на ветените  проекти и дека тоа недвосмилено го покажуваат  резултатите  за кои добиваме комплименти од ММФ но и од  Народната банка на  Македонија и  од други  европски инвестициони банки, кај кои  сме стекнале толкава доверба  што без проблеми  можеме да земеме колку сакаме  пари на заем..Тоа ти се вика рејтинг  кој непатриотите од македонскиот народ не сакаат  да го ценат.Изроди со тапија!

Пред четири години, на изненадување на  сите, Груевски дојде на  селекторското место иако дотогаш за поголемиот дел од јавноста беше  анонимус а оние кои го знаеја сметаа дека   според некои негови економски потези може да биде добар економ во репрезентацијата…Нејсе, народецот  кој како гладна кокошка  просо сонуваше,се надеваше дека од промените нема да биде зијан затоа што од лошо, полошо не може да биде.Па му даде амин  на селекторот – прво фора  од 100 дена  па потоа уште 630 дена .

На комуњарските алапачи кои постојано го обвинуваа за слабите резултати, за да им покаже кој е кој во државата  ,тој повторно распиша конкурс за селектор  на кој триумфално победи.Во тој период Груевски  направи чистка како во играчкиот кадар  така и во сите структури а за претседател назначи човек кој врска нема од фудбалот.На тој начин се обезбеди  дека  тој  сам нема ништо да збори  туку  само тогаш  кога тој ќе му каже.Покрај селекторската функција , Груевски стана и тренер и главен играч на репрезентацијата.Знаеше дека селекторите  секогаш се во сенка на голгетерите  па затоа во тимот си ја додели голгетрската улога.Многумина , за кусо време забележаа дека тој  по многу нешта има големин  сличности со голгетерот на Рома , Франческо Тоти.

Тоти е “бог и батина “  во клубот и најголема икона на римската волчица.Што ќе каже Тоти тое а закон  кој без поговор мора сите да го почитуваат..Иако  тимот има  менаџер и тренер, Тоти кжува кој  ( и на кое место) ќе игра во тимот, каква ќе биде тактиката, тој ги одредува премиите…

Кој ги следел натпреварите на Рома  забележал дека Тоти  најчесто  стои во нападот.Ретко се бори со противничките играчи а уште помалку се враќа назад за да и помогне на одбраната..Таман работа,некој противнички играч да му  го извитка рбетот ,да го помине и тој да биде виновен за примениот гол .Така не се гради имиџ на непогрешлив.Токму заради таа негова  препотентна самоувереност, Тоти  најчесто запаѓа во офсајд (недозволена позиција на играчот во напад) и така  безповратно ги упропастува  трудот и шансите  на тимот.Ако некој од играчите  сака добронамерно да му укаже на гршките  и на таа негова тврдоглавност , веднаш му ја лепи етикетата на предавник на интересите на Рома , и потоа се знае -играчот повеќе нема да го  облече црвениот дрес на римскиот прволигаш.Слично како  и нашиот истурен играч во преговорите за името кој кога  прв пат се обиде  јавно да проговори , селекторот веднаш му го покажа патот кон аут линијата.

Тактиката на Рома е препознатлива – сите играчи мора да играат  за него  ако сакаат да играат за Рома.Само Тоти е предодреден  да поентира, да дава голови  и се разбира да ги собира  аплаузите од народот.Затоа и покрај поразите што ги има клубот , тој е идол на  публиката.Неговиот рејтинг  никако не паѓа.

Кога клубот ќе постигне успех, Тоти  држи прес конференции.По поразите на тимот, другите играчи ги вадат  костените   пред новинарите и јавноста.

Кога Тоти ќе преземе некоја соло акција  не сака никој да го спречува во тоа.Ако противничкиот играч му ја одземе топката, Тоти се накострешува и веднаш  бара  фаул а од судијата- играчот да биде казнет.Не дај боже судијата да не ја прифати неговата сугестија. Тоти веднаш  јавно изјавува дека  судиската организација е корумпирана , дека мора да се направат реформи  што во превод значи дека таквите судии  кои не работат по негов диктат,  треба да бидат сменети. Веднаш по тоа се  покренува  неговата  машинерија  на гласноговорници ( од типот  “јади шпагети“) во одбрана  на ликот и делото  на античката икона

Сепак меѓу Груевски и Тоти има и разлики.Најголемата е таа што легендата  на  Рома  а помлад 6 години , ретко ги пропушта шансите  и знае да дава прекрасни  голови со кои неговиот тим постигнува видливи резултати.Тоа е непобитен факт – Рома годинава за влакно не ја освои шампионската титула во  калчо лигата но сепак се пласира за Европа односно за натпреварите од лигата на шампионите.Груевски и кога ќе се најде во добра ситуација е нерешителен ,чека, размислува, и шансата да постигне  гол  и да го реши натпреварот, неповратно пропаѓа..Често пати доброизработената акција се изјаловува  затоа што Груевски ќе задоцни чекор два.Затоа пак  знае да дава голови од офсајд кои домашните судии ги признаваат.Но кога  тие финти нема да му поминат  во странство, веднаш ја активира машинеријата дека западноевропејците не мразат, дека се корумпирани, неправедни

Македонската репрезентација ,барем според досегашните резулттати  е далеку од Европа а Светското првенство во фудбал  за нас е  сеуште,само чиста фатаморгана.Секаде во светот се применува докажаната  максима   дека “тимот кој победува не се менува“а кај нас , не знам зошто ,  оваа формула е извртена во- “тимот кој  нема резултати , не се менува“!

Селекторот  на македонската репрезентација толку многу ја подмлади екипата па затоа  злобниците  забележуваат дека   некои играчи на полувремето, во соблекувалната цицаат млеко а гледачите  на трибините – весла.

Просудете и вие сами дали  со ваков состав   :  на голот –  Зоран Коњановски,одбрана : Михајло Маневски  -  Сашо Мијалков – Гордана Јанкуловска , среден ред : Никола Тодоров  -  Миле Јанкиевски- Паско Кузман – БУјар Османи и  во нападот : Александар  Бичиклиски  – Никола Груевски – Влатко Ѓорчев , репрезентацијата на Македонија  може да има добри резултати?Неуспесите во последните четири години  не даваат надеж за тоа?

Со ваков тим , на кого уште повеќе му ја отежнуваат работата античките оклопи кои играчите ги носат наместо дресови, тешко дека ќе извојуваме некоја победа.Селекторот Груевски  очигледно  ќе мора да  го менува составот и тактиката  под итно ако сака  позитивен резултат во  натпреварите  со  репрезентациите на ЕУ,НАТО и Грција.Во спротивно ние поранешните југомакедонци а денешни фиромовци  и натаму ќе останеме на маргините  од европските и светските случувања.

13 јунНА БЕЛ ДЕН – СЕКОЈ ДЕН

НА БЕЛ ДЕН – СЕКОЈ ДЕН

Тимчо Апостолов

Не знам дали од годините или од нервозните и стресни состојби  во кои живеам или пак заради озонските дупки , но јас дефинитивно знам дека  имам  некоја голема дупка во мојот мозок  па затоа многу нешта кои се случуваат во секојдневниот живот не можам да ги разберам.

Јас досега мислев дека законите во една држава  важат за сите граѓани  и претпријатија Ама сум бил во заблуда.Изгледа  тие не важаат за државните  институции.Така претставникот на  Дражавната лотарија на Македонија на обивинувањата од  опозицијата дека  не можат да стартуват со работа затоа што немаат  лиценца, мртов ладен одговара дека “законите не важеле за нив  затоа што  тие биле државна фирма“.

Водостопанските претпријатија се жалат   дека државата не им платила  големи суми  пари за користење на вода  а  тие , каков апсурд, на државата мораат да и го платат данокот на додадена вредност  за фактурите кои ги испратиле до властите.Значи двојно осиромашуваат.А ако ние обичните смртници  задоцниме  само два- три месеци  со плаќањето на сметките, веднаш  ти го затегнуваат грлото со  затезни  камати , ти  ја исклучуваат  водата, струјата …

Министерската за внатрешни работи Гордана  Јанкуловска  овие денови  дефинитивно  беше телевизиска звезда ,рамо до рамо со Шехерезад.Таа упорно не убедуваше при секој свој  јавен настап  дека  нема место за паника ,  дека граѓаните треба мирно да си спијат  затоа што  ситуацијата била под целосна нивна контрола.А ваму, мојот оштетен мозок секој ден регистрира  вооружени  пресметки и  убиства.На бел ден – секој ден.

Ама  нејзината тв колешка Шехерезед си замина од малите екрани.Заврши нејзиното.Дали и Гордана  ќе и прави друштво, ќе видиме .Премиерот не  е  загрижен толку за нејзиното заминување туку за неговиот  рејтинг  кој токму Шехерезад му го одржуваше на челната позиција меѓу лидерите во Македонија.Македончето од секојдневните грижи и секирации  за егзистенцијалните  и љубовните  проблеми на убавата Турчинка  забораваше на своите.Сега откако таа  среќно се омажи во судиското продолжение на серијата,луѓето се избезумени од овоземниот живот во кој во меѓувреме се диво и живо поскапело а не очекуваат и нови стегања на каишот.

Во меѓувреме  за отргнување од реалноста на народецот  му беше понудено ново лижавче за забава  - Изборот за Песна на Евровизија  при што  повторно се појави  македонскиот синдром : сакаме да ја прајме онаа работа  без да ни влезе.Сакаме во Европа ама немаме  сила и желба да ги исполниме стандардите Сакме да победиме на Евровизија  ама кога нема тоа да се случи  со дрвја и камења фрламе по фестивалот.

Демек ние сме имале одличен настап . Ѓоле одлично пеел ама не сме влегле во финалето  затоа што  сите земји не мразат , не не сакаат  и од љубомора не ни доделуваат поени  за да не елиминираат  како најсериоозни противници на нивните пејачи и песни па  по си системот на ти – дај ми  си собирале  бодови. Згора на тоа  сме немале  доволно пари за пропаганда а и  сме имале голема антипропаганда од домашните  новинари

Заради мојот изрешетен мозок јас останувам збунет- дали сме го гледале истиот настап на  Ѓоле  во Осло  или јас сум гледал некој зезаторски настап како оној видео клип од интервјуто на Таневски  за една странска телевизија во  кое  неговото познавање на англискиот јазик предизвикува  смеа и рекордна посетеност на интернет.Јас видов еден  примитивно вулагрен  сценски настап  кој можеби би поминал во некоја зачадена барска атмосфера а не на евровизиската сцена .Згора на тоа  песната нема певлив  рефрен.И покрај тоа што кај нас таа се вртеше по дваесетина пати дневно на сите радија и тв , јас се обложувам со секого ( по  десет со кромитче и литар со литар) кој што ќе може да отпее  барем неколку такта од рефренот.Забеганите теории  дека заради неправдите што ни се случуваат  треба да го откажеме  учеството  на Песна  на Евровизија  не држат вода затоа што  немаме моќна дискографска индустрија и затоа што 80 отсто од македонските пејачи не настапиле подалеку од Врање и во сали поголеми од 4-5 илада посетители а за нас настапот на Песната на Евровизија( со сите минуси)  претставува голема афирмација  на Македонија  затоа што тоа е  најгледаниот музички фестивал во Европа  со просечна гледаност од околу 50-тина милиони  гледачи.Од неуспехот треба да ја извлечеме  главната поука дека  “ на Армани не може да му продавме  евтини копии“ туку  вниманието на Европа можеме да го свртиме само  со  песни  инспирирани од нашата  специфична и богата музичка традиција

Меѓу работите кој мојот мозок секој ден не може да ги свари  е и економската ситуација во државата.Но си се тешам  и си велам – не ги разбираш работите затоа што  твоите знаења од комплексната  економска наука се сведуваат на  тоа дека два и два  се четири..Меѓутоа  кога ќе отидам во продавница,  одма ми е јасно дека постои голем диспаритет (  не знам дали овој економски израз го употребив на вистинското место ) меѓу  она што го вели Ставревски, “дека   македонската влада  со своите мерки   придонела  ние само малку да ја почуствуватме светската економска  криза од  која другите земји сериозно настрадале“, а јас  немам пари  ни  за половина да ја наполнам потрошувачката кошничка .Сепак мојот деформиран мозок ми испорачува утешителен заклучок дека јас сум во право.Аксиома , доказ , се на едно место.Гледај, во развиените земји  арамиите   крадат пари, коли, уметнички слики, злато…… Нашиве, што е доказ  на кое дереџе сме спаднале, крадат  салами, паштети, брашно , месо  а од техника – машина за мелење месо.Па после Цацко ни е крв што Европа не сака да не прими во нејзиното семејство на народи.

Како  шлаг на моето неразбирање на работите кое широко ми го отвара патот за  Бардовци ( на чија линија ГСП постојано го зголемува бројот на автобусите) беше веста која деновиве ја гледав на телевизија.Во Домот за незгрижени  деца во Скопје ,  скромна свеченост  по повод  заминувањето на матурска вечер на неколку девојчиња и момчиња.Една од вработените  отприлика вели: Ете овие деца без мајка и татко успевме да ги социјализираме,колку толку да им обезбедиме нормален живот , да ги изведеме на прав пат.Вечер ќе заминат на прослава  на матурата  но утре , утре не ќе можат да се вратат овде.Вечерва завршува нивниот престој во Домот.

Господе, зарем е можно  ова?Па каде утре овие момчиња и девојчиња ќе одат да спијат? Од кои пари ќе се хранат? Дали осамени ќе  можат да се вклучат во суровиот вртлог на животот  или веднаш ќе станат нечиј плен …

Се  шокирав , не можевпонатаму да пишувам…..  Ви оставам вам  а пред се на Владата , како највисок орган  во општеството да го заврши овој текст…

07 јунЗАМАЈУВАЊЕ НА НАРОДОТ

Тимчо Апостолов

Одам по улица и рекреативно бесцелно ги абам ѓоновите.Од проблеми и мисли мозокот натежнал  и притиска ли притиска , ќе ми ја пукне главата.Oд стеснатиот виедокруг кој ми го дозволува  натежнатата глава, забележувам само намќоросани луѓе: на улица, во  ресторан, на работа, во лифт…..Каде исчезнаа смеата, шегаџиите кои со своите духовите коментари на  актуелните настани личности, тв емисии и сериии, спортски резултати на човека  му го потикнуваа доброто расположение и му даваа елан за работа  делувајќи  при тоа како природен и ефикасен мелем  за сите проблеми   кои ги  носи опстанокот под небескиот свод.Нејсе,  си велам, не сум сам…

Ебати горчливата утеха кога сите околу мене се ко замајани…

Трошката мозок  што остана горе долу здрава  во оваа дваесетгодишна  контаминација  од  транзиција, приватизација, национализација, демократија,економски и општествени реформи,промени и преродби на кои заеднички именител  за поголемиот дел  од неснаодливиот народ  беше стегањето на каишот, не може разумно да   расуди  поголем дел  од работите што ни се случуваат во секојдневниот живот.Да почнам од  обичните насушни  дилеми….

Главата  ми ја натапанија  информациите дека платите  растат, дека пензиите се зголемуваат, а дека истовремено  цените на прехрамбрените продукти како на пример на лебот, маслото,оризот, останале и натаму непроменети.И ајде сега биди паметен и разбери го тоа,  како целата плата одвај ми  стигнува за нивно купување а ние ваму  цело семејство гладни.Бериќатвасан,сите сме како Твиги  па не мораме да трошиме пари за масажи и  средства за слабење.Ама дилемата ќе останеше неразјаснетеа да не се јавеше пресметливиот дел од моето второ јас.

-А бе  абак низаеден, ми вели,кога купуваш отвори ги очите малку па ќе го  видиш  одговорот.Порано лебовите  беа од еден килограм, па потоа  тежината им се намали на 800 па на 700 грама па подолго време  лебовите беа од половина кило.Денешните лебови со разните адитиви изгледаат бабачко  ама  тежат одвај 300-400 грама. Технологијата на замајување на куповачите толку напреднала што  визуелно лебот изгледа убаво  ама кога го  јадеш забележуваш дека меѓу горната и  долната корка нема леб туку некоја воздушеста маса.

Шишињата за зејтин  мајсторски се направени да изгледаат  како поранешните ама содржат само 700 грама  а истото е и со  пакувањата со ориз  кои наместо кило содржат 800-900 грама.Тегли со кило мармелад можеш да сонуваш, тие сега главно се полни од 400 до 600 грама

Сите овие бројки  се напишани со толку ситни букви  што измамата  само најупорниот  купувач може да ја забележи исто како што на пушачите долго време им требаше да откријат дека во пакувањата наместо  20  се наоѓаат 19 цигари.

Така му испаѓа, гледаш а не можеш да ја видиш измамата.

Денешното современо замајување на народот се вика маркетинг. Добро срочената  реклама  служи за лесно да се фатиш на јадицата а тешко  да го откриеш јадецот.

Колку  пати ви се случило да наседнете  на неверојатно поволните понуди на  мобилните оператори Демек зборувај бесплатно или речиси бесплатно  во круг од четири броја  ама  дури кога ќе се свртиш на лево круг  ќе видиш колку пари тоа задоволство ќе те чини.Еден мој пријател , кој постојано се чука во градите  дека е патер фамилијас , го зема тој  пакет  со  намера да заштеди  од  бесплатните разговори со синот,ќерката и сопругата.Арно ама, иако одамна  добронамерно му сугериравме  дека  времињата кога тој бил глава на семејството  одамна се минато  и дека тој  сега  е најобичен благајник  кој само ги плаќа сметките , се отрезни  дури кога му стигна зголемената смека за неговиот мобилен телефон.Сфати дека заради малубројните бесплатни разговори   со децата и сопругата кои најчесто се сведуваа  да има даде пари за ова за она,сите други разговори ги плаќал по скапи импулси.

Маркетингот  како современо средство за замајување на народот  максимално го прифатија и политичарите.И поранешните а посебно актуелните.Толку се се опседнати со него  и изверзирани црното да го претстават како бело  што човек има впечаток дека тие повеќе време и енергија   не трошат  за решавање на проблемите  од своите минстерства туку  како  да ги забошотат  погрешните потези ( кои му носат  штета  на народот и државата ) или тендензиозните  ( кои им носат  лична  материјална корист.) Така  на министерот за правда Михајло Маневски  устата пена му фати  од фалби  колку е ангажиран во реформите за независно судство а од друга страна  е член  на Советот на Апелациониот суд  и судиите без  негова согласност не можат ни  во тоалет да отидат.

Забелешките  дека милиони евра  во овој момент може да се искористат многу подобро  за изградба на  доходовни проекти кои ќе вработат нови луѓе ,ќе го полнат буџетот и пензискиот фонд наместо да се реализира проекто “Скопје 2014„ властите веднаш го дефокусираа  тврдејќи дека сите тие што  се против изградбата на театарот,филхармонијата, Музеите,спомениците, фонтаната, црквата…се против градби,против убавиот изглед на центарот  на главниот град на нашата држава.Мижи Асан да ти баам.како да им објасниш дека никој не е против  изградбата на плоштадот  но дали тоа треба да се прави  “ кога ти тече вода од покривот,кога од испуканите ѕидови  ти шиба ветер, фрижидерот зјае празен а  банкарските сметки  ти  се со предзнак минус“ ?

Претставниците на влдините служби  во текот на врнежливите денови не се симнуваа од  малите екрани тврдејќи  дека будно  го следат водостојот на реките а овамо  цели села и илјадници хектари под вода.Од Фондот за здравство постојано тврдат дека  лекови има, а панзионерите и другите болни  набија толкава кондиција трчајќи од аптека до аптека  што на следниот маротон  гарант ќе ги  остават зад себе сите  професионални долгопругаши.

Во забошотувањето на  суштината  како црви после дожд се појавија  лидерите  на македонските  граѓани од албанска националност   кои ликвидацијата на терористичко криминалната група на шверцери  експресно  ја искористија за  поставување на редица ултимативни барања заплашувајќи ја притоа  јавноста  со дестабилизација на  Македонија.ДПА ја осуди постапката на МВР и бара независна истрага  а кога  еден од  теористите Харун Алију (39) го уби полицаецот Зоран Марковски тогаш немаше ни “О“ од осуда.Со заобиколување на суштината и со употребата на различни аршини   тешко ќе дојдеме до посакуваниот соживот.

Премиерот Груевски и  и свитата околу него се ненадминливи махери за замајувањето на народот.Штом ќе биде откриено некое сомнително  дело на власта кое мириса на криминал, узурпација на простор или имот,штом ќе се обелоденат некои малверзации ,тие за да го свртат вниманието на народот  веднаш пласираат во  јавноста проекти за изгрдба на велелепни зданија или ги активираат старите афери од  приватизацијата  во кои  според нив се вмешани  личности од опозицијата при тоа  свесно заобиколувајќи ги вмровците  чии  криминални дела се  докажани  но заради патронството на влста и дупчињата во законот  тие сеуште  не се зад решетки.

Иако постојано зборува дека наша стратешка цел се ЕУ и Европа,  на премиерот му е јасно дека  државата и народот се уште не се подготвени за влез  во ЕУ затоа  што таму  покрај  почитувањето на многуте  стандарди не очекува и  ригорозна финасиска дисциплина која ако во овој момент  се  спроведе, во Македонија ќе банкротираат  третина од фирмите и стотина илјада граѓани.Затоа како што ми вели еден мој пријател со лавче на реверот и  во личниот  софтвер,благодарејќи на нерешителноста  на Груевски , Македонија спаси  едно 400 милиони евра , затоа што  како  Словенија ќе беше приомрана да земе 340 милиони евра кредит за да  учествува  во помошта за Грција која  ја договорија  земјите од еврозоната.Кај сме ние  за ЕУ , продолжи пријателот, погледај ја онаа атрактивна  убавица со реј бан наочари и армани костум како  грациозно се шета и јади бурек….Не  а бива џанам  таа работа.

Добро , му велам, само да не останеме како децата од тв серијата “Булки крај шините„ да ги гледаме возовите на европското семејство на народите  како итаат напред  покрај нас  а ние боси и гладни да се радуваме  на трошките  што ќе ни ги фрлат преку прозор.

-

27 апрТрадиција на барабанџии

Не. нема спас од барабаните  на власта.Секој  ден да се тропа  се посилно и посилно и ич гајле да се нема  дека  од тоа  народот побудалува, стварно е без преседан.Во ова време на демократија , тие со несфатлива  леснотија априори ги отврлаат  сугестиите на останатиот невмровски свет во држава.И така  во оваа светска и македонска економска криза,тие како да живеат во друг свет и  наместо  да  престанат со трошењето пари  и да се зафатат со решавањето на најбитните работи кои живот значат, тие уште повеќе  купуваат барабани и барабанчиња ангажирајќи се поголем број  на барабанџии кои , види чудо, уште  се и среќни , што ете партијата се сетила и им дала можност  да тропаат, и да се сликаат  по телевизиите и весниците.Не им се лутам ним, туку  на манипулаторите со нив  кои  на јадните луѓе , без да знаат за каква цел ги  користат , им дваат  илјадарче и памфлети  кои треба  да ги научат наизус за потоа кога ќе зборуваат пред камера  колку толку да изгледаат уверливо.

Жал  ми е за тие луѓе кои изгледаат  јадно,  кои како клонирани членови на партијата на власт, како папагали ги  повторуваат истите фрази  како свој израз за одбрана на преродбата..Фразерскиот калап ме деградира уште повеќе кога ќе слушнам дека него го користат и портпаролите и највисоките претставници во хиерархијата на партијата .

Јас разбирам кога порано, немало  или ратко  имало граѓани кои поседувале радио или телевизори, кога во некои населени места имало  само по еден телефон,баранбанџијата  да биде  единствено решение  за пренесување на соопштенијата  за новите мерки, собири, митинзи ,рокови за откуп на летнината …..Откога барабанџиијата ќе ги соопштел новостите ,си заминуивал па граѓаните можеле мирно да си  продолжат со работата или почивката.

Денес  барабанџии се лидерите и лидерчињата  на власта , медиумите ,печатените и аудио визуелните.Така  наместо ти да одиш кај барабанџијата и да ги слушнеш новостите, тропаџиите   без пардон  ти доаѓаат дома и со вревата  прават умот да ти  штукне.Мислат што повеќе вреват тоа посилно ќе ти ја всадат  пораката во мозокот, за да после така  укалапен послушно размислуваш како нив.На копче.

Збудален од вревата на барабанџиите, народот веќе  подзаборави  на нивните тропања.Едно време побудалувавме  од тропањата за тоа колку власта се грижи за нашаето здравје со воведувањето на ХАСАП  мерките,исфрлувањето од употреба на  штетните пластични кеси,за бесплатните учебници   кои учениците   сеуште не ги добиле,за воведувањето на предметот  за македонски   јазик во албанските  училишта, за преземените мерки  за  намалувањето на цените на становите , (кои наместо тоа во меѓувреме уште пораснаа),за намалувањето на невработеноста (која реално  се зголемува ),за субвенциите на земјоделците,  тутунарите, сточарите(а млеко увезуваме од Србија), за успешната борба против криминалот и корупцијата…

Но рака на срце  изгледа  дека барабанџиството остана  како  една од ретките традиции на македонскиот народ .Барабанџиство имало од памтивек.

Пред осамостојувањето, за да станеш барабанџија  мораше да бидеш морално политички подобен, да имаш проверено минато, да си лојален  граѓанин и проверен  член и активист на единствената партија, која нормално беше на власт.Тропањето не носеше многу  пари  но барабанџиите  уживаа голем углед и привилегии во општеството.Кога некој од нив ќе почнеше да тропа , сите со внимание го слушаа, медиумите тоа  го пренесуваа од збор  до збор  а за неговото тропање  потоа се дебатираше насекаде па и во основните келии на партијата  во месните заедници и  претпријатија.Поискусните интелектуалци и директори  кои имаа шесто чуло  успеваа да ја забележат секоја  дискретната промена на ритамот  на тропањето  и врз основа на тоа да  ги насетат претстојните  промени  во власта и државата.Но и тогаш како и денес се случуваше познати барабанџии преку ноќ да ги снема од јавниот живот.Ај што им ги одземаа барабаните,тие одеднаш остануваа и без најдобрите колеги од работа, пријателите  па дури и роднините  и комшиите.

Барабанџиството продолжи и во транзицииските години само со таа разлика што сега луѓето преку ноќ  стануваат  барабанџии.Нормално затоа што не се професионални барабанџии , некои од нив служеа за мајтап а други  со своето тропање го засмејуваа народот.Во таа емоционална еуфорија  по остварувањето на вековниот сон за  слободна  Македонија, сите безрезервно се пријавуваа за барабанџии мислејќи во првиот момент дека  со тоа ќе дадат свој придонес за  удирање на телмелите на самостојната  држава.Но мангупите на влстите кои се менуваа на секои четири години, брзо  ја сфатија  корисноста од  тетра пак барабанџиите : ем вршат голема работа  – ем малку чинат.

Но оние кои  се истакнуваа во тропањето одма ги земаа под своја контрола  овозможуваји им  опшествен рејтинг  и голем капитал.

По влегувањето во новиот милениум настана кармакаш во  барбанџиството.Се намножија тапанери  (не барабанџии), кои тропаа по диктат – ќе се појавеа одненадеш на некоја раскрсница, ќе ги извадеа нотите пред себе и ќе почнеа да тропаат.Ќе го  тропаа  истото неколку недели  и ќе ги снемаше.Тоа беа тропачи кобајаги проникнати од народот  кои требаше да бидат симболот на гласот на народот.Па навјасаа  тапанери облечени во дресови со различни бои   кои  имаа  задача само да креваат врева  а никој да не зане  зошто умот ни го вадат.Потоа на виделина излегоа   независни здружени  тропачи  во триоа, квартети , октети кои се појавуваа во клучните моменти за власта.Нивното тропање стана препознатливо заради тоа што тие  наместо со аргументи  и стручна анализа  да ги  објаснат нештата,за сите  сегашни проблеми ја обвинуваа опозицијата.

Но се чини дека  народот најмногу побудале  од  тропањето на  професионалните барабанџии кои во својата кариера   на секои четири години  ги менуваа ритмовите на тропање.Ги гледаш и не можеш да им веруваш на своите очи и уши- сериозни господа, облечени во одела со вратоврски, како со сите мускули се обидуваат да докажат  дека  за денешната какафонија најмногу се виновни  поранешните диригенти и тапанери  и барабанџииите  од Европа кои ни доаѓаат овде дома да ни тропаат.

Најголем рејтинг денес  сепак  постигнуваат така наречените “мајстори на  барабанџиството“, за чие тропање е резервиран посебен простор во медиумите.Некои од нив толку се запенија во тропањењто  и пропагирањето на нотите  на Вождот , што  во трансот во кој западнаа  ги искршија палките и барабаните  па почнаа да тропат по  главите на народот.Така сега од вревата што ја креваат ниту  тропачите ниту нивниот диригент  не можат да ги слушнат пискотниците на луѓето.Доколку некој се пожали дека главата го боли, дека сака да знае  како,  кој и за што ги троши неговите  пари, веднаш го елиминираат  прогласувајќи го за предавник.Така во државата почна да се зголемува нивниот број.Со оглед на тоа дека барабанџиството е македонска традиција, се чини дека  само прашање  на време е кога  оваа маса ќе затропа  на мешунките од своите празни стомаци и пред нивните врати.

Троп,троп,  сите ќе отидеме  в гроб….

Не знам како ама на компјутерот се најде овој стих.

Нема врска со текстот…..Ниту со рима….

Тимчо Апостолов